October 12, 2024 | | Свет
Периодов во Манчестер Сити се случуваат некои крупни промени. Португалецот Хуго Виана и официјално ќе го замени Каталонецот Цики Бегиристајн на функцијата фудбалски директор. Во моментов сепак останува отворено прашањето кој ќе биде тренер наредната сезона. Договорот на Пеп Гвардиола истекува наредното лето, а се очекува конечната одлука за неговата иднина да биде позната до крајот на годината. Откако првично рече дека е поблизу да замине, сепак за време на пред-сезоната изјави дека ништо не му недостасува и дека постојат шанси да остане. Според „Nacional“, наследникот на Пеп Гвардиола ќе биде Луис Енрике кој во моментов е тренер на ПСЖ. Овој медиум тврди дека Шпанецот ќе го раскине договорот и ќе седне на клупата на Сити. Во својата кариера Енрике беше на клупата на Рома, Барселона, Селта и шпанската репрезентација.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |