October 26, 2024 | | Свет
Манчестер Јунајтед продолжува да штеди со цел да ги намали трошоците кои ги има. Токму поради таа причина беше отпуштен и Сер Алекс Фергусон кој беше амбасадор на клубот. Раководството на клубот сега се обратило до ривалите Сити за тоа дали Алехандро Гарначо и Коби Мајно би можеле да отпатуваат заедно со нивниот авион до Париз за да присуствуваат на церемонијата каде ќе биде доделена „Златната топка“, но и наградата за најдобар играч до 21 година за која токму овие двајца таленти се номинирани. Според информациите на „Daily Mail“, Сити изнајмил приватен авион за да ја превезе нивната голема делегација во Париз на церемонијата на доделување награди во понеделник вечер. „Сините“ воедно го одбиле ваквото барање на Манчестер Јунајтед известувајќи ги дека нема место на летот и дека мора да си договорат друг аранжман.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |