Што е многу, многу е: Следната сезона Реал би можел да одигра дури 72 натпревари!

July 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Што е многу, многу е: Следната сезона Реал би можел да одигра дури 72 натпревари!

Веќе одреден период фудбалерите генерално се жалат за густиот распоред. Во Лигата на Шампионите како и во Светското клупско првенство форматите се изменети и ќе се играат повеќе натпревари за разлика од порано, а тоа е нешто што и на фудбалерите и на клубовите им смета. Со новиот формат на Лигата на Шампионите, ќе има четири натпревари повеќе, а клупскиот мундијал носи пет дополнителни натпревари. Конкретно во случајот на Реал Мадрид, тие би можеле да одиграат дури 72 натпревари во новата сезона доколку стигнат до завршницата во Лигата на Шампионите, Купот на Шпанија и на клупскиот мундијал што е закажан по завршувањето на наредната сезона, поточно од 15. јуни до 13. јули. ФИФА засега ги игнорира протестите на фудбалерите, а Здружението на професионалните фудбалери најави и тужба поради злоупотреба на моќта и незаконско згуснување на календарот за натпреварување. Гледајќи ја моменталната ситуација и промената на форматите на натпреварувањата, можеби самите фудбалери и клубови требаше порано да се обединат и да се обидат да спречат одредени измени.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.