April 16, 2025 | | Свет
По девет години брак, еден од најпознатите спортски парови Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер решија да стават крај на својата љубовна приказна, иако ништо не го навестуваше тоа. Германскиот магазин „Бунте“ открива детали кои биле скриени од јавноста. Имено, нештата не биле толку совршени како што изгледале. Парот одлучил пред околу два месеци да се раздели, но се уште нема официјална потврда од нивна страна. Швајнштајгер, зафатен со обврски како ТВ консултант и вклучен во неколку меѓународни проекти, постојано е на пат. Ана, пак, целосно е посветена на нивните деца Лука (7), Леон (4) и Тео (1), со кои во моментот престојува во Белград. Иако изгледаа како идеална двојка, сепак далечината, недостатокот на заедничко време и разликите во животните приоритети направиле да се појават пукнатини. Стресот, различните локации и недостигот од вистински семеен живот, според познавачите, биле клучните причини за нивната одлука. И додека нивната љубовна приказна сега добива поинаков тек, германските медиуми продолжуваат да анализираат што точно довело до ваквиот епилог. И двајцата се уште молчат, без никакви јавни коментари.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |