Си поигрува: Хет-трик на Меси за 11 минути! (ВИДЕО)

October 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Си поигрува: Хет-трик на Меси за 11 минути! (ВИДЕО)

Лионел Меси втор натпревар по ред постигна хет-трик, но овој пат за Интер Мајами. Откако пред неколку дена постигна три гола во дресот на Аргентина против Боливија, сега истото го направи и за неговиот клуб во дуелот против Њу Ингланд Револушн. Тој влезе од клупата во 58. минута каде го замени Гресел. Првиот гол Меси го постигна во 78. минута, вториот гол дојде само три минути подоцна, а хет-трикот беше комплетиран во 89. минута.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.