Силва: Не паметам кога сме изгубиле три натпревари по ред

November 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Силва: Не паметам кога сме изгубиле три натпревари по ред

По тешкиот пораз од Спортинг Лисабон Бернардо Силва изјави дека тимот се движи во погрешен правец. Португалецот рече дека тимот мора да најде решение за проблемите бидејќи лошите резултати можат да ги чинат многу. „Дури и кога играме добро, не успеваме да ги реализираме нашите шанси, а примаме голови премногу лесно. Мора да се погледнеме себеси и да разбереме што не функционира. Потребно е брзо да направиме промени, бидејќи во спротивно, овие порази може да бидат кобни. Во моментов сме во комплетен мрак и се чини дека сè оди во погрешна насока. Тешко е да најдеме причини за тоа што се случува. Не паметам овој тим да изгубил три натпревари по ред, а сега изгледа како да сме на погрешен пат,“ изјави Силва. Прв пат после 2018 година, Сити успеа да загуби три натпревари по ред.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.