Симеоне ќе се сретне три пати со Барселона и два пати со Реал во наредните девет меча

February 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Симеоне ќе се сретне три пати со Барселона и два пати со Реал во наредните девет меча

Атлетико Мадрид вечерва ќе има тешко гостување против Валенсија во рамките на 25. коло од шпанската Ла Лига. Тимот на Диего Симеоне, кој е само еден бод зад лидерот Барселона, влегува во мечот како фаворит. По овој натпревар, Атлетико го очекува исклучително тежок период со неколку дерби средби против најголемите ривали. Во наредните 37 дена, од 25 февруари до 2 април, тимот ќе одигра дури девет натпревари, од кои пет ќе бидат против Реал Мадрид и Барселона. На 25 февруари, „јорганџиите“ ќе се соочат со Барселона во првиот меч од полуфиналето на Купот на Шпанија. Вчерашната ждрепка за осминафиналето во Лигата на шампионите на Атлетико му го донесе Реал Мадрид за противник. Првото мадридско дерби во Лигата на шампионите ќе се одигра на 4 март, додека реваншот е закажан за 12 март. По двомечот со Реал, Атлетико повторно ќе се фокусира на Барселона. На 16 март, тимот ќе се соочи со каталонскиот гигант во Ла Лига, а на 2 април ќе го одигра и реваншот од Купот на Шпанија, што ќе биде одлучувачки за пласман во финалето.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.