Симеоне: Куртоа ги испровоцира нашите навивачи!

September 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Симеоне: Куртоа ги испровоцира нашите навивачи!

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне смета дека Тибо Куртоа е оној кој ги испровоцирал домашните фанови да почнат да маваат со различни предмети што доведе до прекин на натпреварот. Симеоне го осуди потегот на Куртоа, но и на навивачите. „Луѓето немаат друг начин да го искажат своето незадоволство додека се на стадионите. Тоа не е добро, меѓутоа мора да се поставиме смирувачки за да падне тензијата. Во ред е да се слави гол, но не мораш да го прославиш свртен кон трибината со противнички навивачи и да гестикулираш кон нив. Веројатно знаеш дека тие луѓе се лути. Ние актерите им даваме повод. Секако, не го оправдувам однесувањето на навивачите, меѓутоа ниту однесувањето на играчите кое доведе до тоа. Мора да се обидеме да ги идентификуваме тие луѓе, за да не се враќаат на стадионите. Не ни се потребни такви навивачи“, изјави Симеоне. Иако Куртоа беше причината поради која тие почнаа да маваат, сепак таквите потези од страна на фановите се недозволиви.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.