Сино финале во Њујорк: Челси го збриша ПСЖ и стана светски шампион!

July 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Сино финале во Њујорк: Челси го збриша ПСЖ и стана светски шампион!

Англискиот гигант Челси испиша историја со спектакуларна победа од 3-0 над европскиот првак ПСЖ во финалето на Светското клупско првенство, одиграно на неутрален терен во Њујорк. Во улога на апсолутен херој блесна Кол Палмер, кој со два прецизни проектила го шокираше Џанлуиџи Донарума (22’ и 30’ минута), а потоа и мајсторски му асистираше на Жоао Педро за конечни 3-0 пред крајот на првото полувреме. Во второто полувреме, Парижаните се обидоа да се вратат во игра, но одбраната на Челси беше непоместлива, а голманот Роберт Санчез со неколку клучни интервенции ја одржа својата мрежа недопрена. На другата страна, Лиам Делап двапати се најде во одлична шанса, но Донарума спречи катастрофа за ПСЖ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.