December 9, 2024 | | Свет
Од фудбалски аспект, Матео Меси се чини дека е најблиску до својот татко, кој се смета за најголемиот играч во историјата, но истовремено е познат и по тоа што е најнепослушното и најпроблематично дете во семејството на аргентинската фудбалска ѕвезда. Меси повеќепати зборувал за темпераментот на својот втор син, кој сè повеќе се истакнува со својот талент и квалитет на теренот. Матео веќе направи име со своите изданија во младинските категории на Интер Мајами, но најновото видео од неговиот настап стана вирално благодарение на реакцијата на неговиот татко. Малиот Матео со голема радост го славеше својот гол од слободен удар заедно со соиграчите, додека Лео не даде никаква емотивна реакција и мирно продолжи да го пие своето мате, традиционалниот јужноамерикански хербален пијалок богат со кофеин без кого Меси не мрда никаде. Очигледно, Лео како татко има високи очекувања од својот син, па не покажува претерана страст за голови како оној што стана вирален.
Mateo scores.. in front of his father, the legend Lionel Messi.
pic.twitter.com/HUF580qHl5 — أخــر الأخـبــار (@latestnews2026) December 8, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |