Синот на Нејмар го утеши со писмо по најтешкиот пораз во неговата кариера (ФОТО)

August 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Синот на Нејмар го утеши со писмо по најтешкиот пораз во неговата кариера (ФОТО)

Вчера Сантос го доживеа еден од најтешките порази во својата клупска историја, откако пред домашната публика беше декласиран од Васко Де Гама со убедливи 6-0. Поразот предизвика шок во бразилската јавност, а особено тешко го поднесе нивниот најголем идол – Нејмар. Фудбалерот, кој е симбол на Сантос и потекнува од академијата на клубот, не можеше да ги задржи солзите. Додека го напушташе теренот, камерите го уловија како плаче како дете, а во својата изјава по мечот самиот призна дека се работи за „најтешкиот пораз“ во неговата кариера. „Ова е срамота и боли повеќе од било што друго,“ изјави Бразилецот, видно потресен од дебаклот. Но, во најтешките моменти, Нејмар доби поддршка од местото од кое најмалку очекуваше – од својот син. Детето му напишало емотивно писмо полно со љубов и охрабрување, кое ѕвездата одлучи јавно да го сподели на социјалните мрежи. „Добра ноќ, тато. Знам дека денес беше тежок ден за тебе и за нас, но сакам да знаеш дека јас секогаш ќе бидам тука за тебе, да те поддржам. Ти не си само одличен татко, ти си идол, моја инспирација. Дури и кога плачеш, те сакам и секогаш ќе бидам со тебе,“ стои во писмото. Во продолжение, синот го охрабрува својот татко да ја крене главата, да не дозволи критиките да го скршат и да го гледа тежок пораз како предизвик за да стане уште посилен. „Никогаш не заборавај: ти си неверојатен. Секогаш ќе бидеш мојот херој,“ завршува пораката која ја трогна целата бразилска јавност.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.