Сите го правеа Пакета „луд“, но испадна во право! (ВИДЕО)

August 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сите го правеа Пакета „луд“, но испадна во право! (ВИДЕО)

На натпреварот помеѓу Кристал Палас и Вест Хем имаше една случка која најпрво предизвика комедии, но се појавија докази кои ја оправдаа целата ситуација. Имено, домаќините се спремаа да изведат слободен удар, топката беше наместена, а во тој момент Лукас Пакета излезе од живиот ѕид и се стрча накај топката бидејќи наводно забележал дека едниот од двајцата домашни играчи веќе имал контакт со топката и таа веќе била во игра. Иако сите се смеаа поради неговиот потег, на крај испадна дека тоа било така каде излегоа видеа на социјалните мрежи кои потврдија дека Бразилецот бил во право. Интересно е што дури и судијата не успеал да го забележи тој момент.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.