Сите очи вперени кон вечерашното „Ел Класико“, нѐ очекува спектакл!

October 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сите очи вперени кон вечерашното „Ел Класико“, нѐ очекува спектакл!

Секогаш кога се игра „Ел Класико“, буквално целиот фудбалски свет застанува и вниманието го насочува кон овој натпревар. Реал има повеќе ѕвезди и поискусна екипа, но генерално сезонава играта која ја прикажуваат не убедува. Винисиус е убедливо најважниот играч кога станува збор за нападот, Белингем не се снаоѓа во новата улога, а иако статистички Мбапе има солидна сезона, сепак е во сенка. Што се однесува до Барселона, никој не очекуваше за волку краток период Ханси Флик да испорачува ваква игра и вакви резултати. Многумина велат дека преку него се гледа квалитет на еден тренер каде во споредба со Чави, одредени коцки Германецот ги посложи и сега Каталонците изгледаат далеку поубиствено. Барселона е само три бода пред Реал Мадрид, па евентуална нивна победа може да ги оддалечи на плус шест бода. Вечерашниот дуел нема да одлучи никаква битка за титулата во Ла Лига, но и тоа како може да биде важна за моралот. Бразилските крила Винисиус и Рафиња се во животна форма каде и двајцата остварија хет-трик неделава во Лигата на шампионите, едниот против Дортмунд, другиот против Баерн Минхен. Спектаклот за вечерашниот дуел е загарантиран. Може да се каже дека после долго време, конечно очекувањата за „Ел Класико“ се огромни.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.