Сити ќе ја тужи Премиер лигата, тврди дека е дискриминиран

June 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сити ќе ја тужи Премиер лигата, тврди дека е дискриминиран

Манчестер Сити ќе ја тужи Премиер лигата кој смета дека е дискриминиран. Премиер лигата уште од претходно имаше 115 пријави за нив меѓу кои пријави за нетранспарентност од страна на Сити, како и проблем со финансиските извештаи.

Ова комплетно ја менува сликата а сослушувањата започнуваат на 10-ти јуни, а оваа информација ја пренесе англискиот The Times. За Манчестер Сити, финансиските правила на Премиер лигата се 'Тиранија на мнозинството'.

Манчестерскиот клуб има документ од 165 страни каде аргументира дека се жртви на дискриминација. Тие тврдат дека одредени правила биле одобрени од нивните ривали па така тоа влијаело врз нивниот успех на терен.

Развојот на оваа ситуација ќе има директно влијание врз другите сослушувања, односно врз оние 115 пријави против Сити кои треба да започнат во ноември.

Тие како клуб тврдат дека системот со кој се бара најмалку 14 клубови или две третини од оние кои гласаат за да ги имплементираат тие правила, им дава неприфатливо ниво на контрола на тоа мнозинство.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.