Сити го освои Комјунити Шилд совладувајќи го Јунајтед после пенали! (ВИДЕО)

August 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сити го освои Комјунити Шилд совладувајќи го Јунајтед после пенали! (ВИДЕО)

Манчестер Сити успеа да го совлада Манчестер Јунајтед после пенали каде резултатот во серијата беше 7:6, а во регуларните 90 минути беше 1:1. Резултатот го отвори Манчестер Јунајтед во 82. минута со голот на Гарначо на асистенција на Бруно Фернандез, а Сити успеа да изедначи преку Бернардо Силва на асистенција на Оскар Боб. Натпреварот генерално се играше бавно каде тимовите уште сега се со мислите накај Премиер лигата. Дуелот беше изедначен каде и двете екипи имаа по неколку шанси. Во пенал серијата за Јунајтед погодија Фернандез, Дало, Гарначо, Каземиро, МекТоминеј и Лисандро Мартинез, а промашија Џони Еваснс и Санчо. Кај Сити пак погодија Де Брујне, Халанд, Савињо, голманот Едерсон, Матеус Нунес, Рубен Диаз и Аканџи, а промаши само Бернардо Силва. Продолженија немаше бидејќи во Комјунити Шилд истите не се предвидени, па при нерешен резултат веднаш се изведуваат пенали. Наредниот натпревар за Сити ќе биде првото коло во Премиер лигата каде гостуваат кај Челзи, а Јунајтед ќе ја отвори сезоната во дуелот со Фулам на домашен терен на 16-ти август.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.