Сити ја договори сензацијата во Бундеслигата, ќе плати 80 милиони евра

January 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Сити ја договори сензацијата во Бундеслигата, ќе плати 80 милиони евра

Манчестер Сити конечно постигна договор со Франкфурт за Омар Мармуш, ѕвездата во Бундеслигата. Тој ќе потпише договор на пет години, а Сити за него ќе плати околу 80 милиони евра. Во Франкфурт тој пристигна од редовите на Волфзбург во 2023 година и од тогаш постигна 37 гола на 67 настапи. Сезонава пак во Бундеслигата има 15 гола. Сити остана без напаѓач откако Хулиан Алварез замина во Атлетико Мадрид. Покрај Мармуш, Сити ги договори стоперите Кушанов и Витор Реиш од Палмеирас.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.