Сити ја потврди замената на човекот кој го убеди Пеп да дојде

October 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сити ја потврди замената на човекот кој го убеди Пеп да дојде

Манчестер Сити и официјално ја потврди замената на Чики Бегиристајн кој ќе се повлече од функцијата директор на крајот од сезоната. На негово место ќе дојде Хуго Виана, кој моментално е во Спортинг Лисабон, извршувајќи ја истата позиција. Бегиристајн ја извршуваше оваа улога од 2012 година, а клубот одреден период знаел дека Чики ќе замине. Виана и Бегиристајн одреден период ќе работат заедно за Португалецот да може да има период на адаптација.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.