Сити ќе го направи Халанд најплатен играч во ПЛ!

September 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сити ќе го направи Халанд најплатен играч во ПЛ!

Манчестер Сити е во активни преговори со Ерлинг Халанд и со неговата агентка Рафаела Пимента околу продолжување на соработката со Норвежанецот. Биле одржани неколку состанци каде ставовите биле приближени, а планот на Сити е да го направи Халанд најплатен играч во Премиер лигата. Со новиот договор се предвидува тој да стане најплатениот играч на Манчестер Сити, но и во Премиер лигата каде треба да добива околу 24 милиони евра нето по сезона. Неговиот актуелен договор трае до 2027 година, а тимот од Манчестер сака да избегне секаков ризик и сака навреме да избегне било какви проблеми.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.