Сити ќе гостува кај Челси без својот најдобар фудбалер!

August 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сити ќе гостува кај Челси без својот најдобар фудбалер!

Во рамките на првото коло од Премиер лигата Манчестер Сити ќе има незгодно гостување кај Челси каде Гвардиола ќе се соочи со својот поранешен асистент, Енцо Мареска. Тренерот Пеп Гвардиола потврди дека Родри нема да настапи во дуелот против „сините“. „Немаше тренинг со останатите фудбалери, Родри нема да биде во конкуренција зашто не е подготвен“, рече Гвардиола. Исто така, тој рече дека Фоден, Стонс и Вокер можеби би биле спремни да одиграат неколку минути.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.