Сити ќе потроши 130 милиони евра за две зимски засилувања

January 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Сити ќе потроши 130 милиони евра за две зимски засилувања

Узбекистанскиот дефанзивец Абдукодир Хусанов, кој има само 20 години, се покажа како еден од најдобрите одбранбени играчи сезонава во Лиг 1, а Манчестер Сити го гледа како голема перспектива. Младиот стопер на Ленс веќе ги договорил личните услови со „Граѓаните“, а наскоро клубовите треба да го потврдат трансферот вреден 50 милиони евра, иако за него беше заинтересиран и Реал Мадрид. Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити, ја користи можноста на зимскиот преоден рок за да ја обнови екипата, која моментално се соочува со предизвици, и планира да донесе нови засилувања. Покрај Хусанов, наскоро се очекува да биде потпишан и египетскиот напаѓач Омар Мармуш, кој блескаше оваа сезона во Германија со 18 голови и 11 асистенции. Мармуш, кој има 25 години, ги договори личните услови за својот трансфер од Ајнтрахт Франкфурт во Манчестер Сити, вреден 80 милиони евра. Според германскиот новинар Флориан Плетенберг, тој веднаш ќе премине во редовите на „Граѓаните“ штом клубовите го финализираат договорот. Првата понуда од Сити се очекува во наредните денови, а Франкфурт бара 80 милиони евра, цена која Сити засега не прифаќа да ја плати. Двете засилувања – Хусанов и Мармуш – се дел од напорите на Манчестер Сити да ја зајакне својата одбрана и напад и да се врати на врвот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.