October 5, 2024 | | Свет
Манчестер Сити побарал да им бидат одложени првите два натпревари во сезоната 2025/26 поради нивното учество во Светското клупско првенство, но тоа барање било одбиено. Ако клубот од Манчестер избори пласман до самиот крај на овој турнир кој ќе се одржува наредното лето, играчите ќе имаат краток одмор. Ова го потврди и тренерот Пеп Гвардиола кој даде иронична изјава. „Премиер лигата не ни дозволи да ги одложиме првите два меча за сезоната 2025/26 за да можеме да се опоравиме. Им благодариме многу“, рече Пеп Гвардиола. Клубот се плаши дека фудбалерите можат да „изгорат“ поради нивниот тежок распоред, кој би можел да трае до 13 јули доколку стигнат до финалето на проширениот турнир на ФИФА со 32 тима во САД.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |