Сити прејак за Челси, Халанд и Ковачиќ постигнаа два убави гола! (ВИДЕО)

August 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сити прејак за Челси, Халанд и Ковачиќ постигнаа два убави гола! (ВИДЕО)

Манчестер Сити успеа да го совлада Челси сред „Стемфорд Бриџ“ со 2-0 со головите на Халанд и Ковачиќ. Ерлинг Халанд во 18.минута го отвори резултатот на асистенција на Бернардо Силва, а победа ја запечати Ковачиќ во 84.минута од дуелот. Во вториот дел од дуелот Мареска влезе ризично и одлучи да направи неколку измени, но изостана завршницата кај тимот од Лондон. Сити сепак денес покажа дека се многу поискусна и поквалитетна екипа од Челси и дека знаат како да победуваат во вакви натпревари. Челси во следното коло гостува кај Вулвс, додека Манчестер сити ќе го пречека Ипсвич.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.