Сити преку Нунес ја совлада Вила во 94. минута и запиша важни три бода во трката за ЛШ (ВИДЕО)

April 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Сити преку Нунес ја совлада Вила во 94. минута и запиша важни три бода во трката за ЛШ (ВИДЕО)

Манчестер Сити ја обезбеди една од најдраматичните победи оваа сезона, освојувајќи вредни три бода во директната трка за пласман во Лигата на шампионите, совладувајќи ја Астон Вила со 2-1. Клучниот момент се случи длабоко во судиското продолжение, кога Матеус Нунес ја затресе мрежата во 94. минута по маестрална асистенција од Доку и му ја донесе победата на својот тим. Натпреварот започна со рана радост за Сити. Бернардо Силва искористи груба грешка на голманот Мартинез во 7. минута и донесе водство за домаќините. Но, радоста не траеше долго. Само десет минути подоцна, Астон Вила доби пенал кој прецизно го реализираше Рашфорд, поставувајќи 1-1,  резултат што остана на семафорот сè до последните моменти од мечот. Со оваа победа, „граѓаните“ се наоѓаат во одлична позиција за да останат меѓу водечките пет екипи, додека надежите на Вила за место во елитното европско натпреварување се сериозно разнишани.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.