Сити спремен да даде над 100 милиони евра за талентот на ПСЖ

November 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сити спремен да даде над 100 милиони евра за талентот на ПСЖ

Манчестер Сити е спремен да потроши над 100 милиони евра за младиот талент на Пари Сен Жермен, 18-годишниот Ворен Заир-Емери, пишува „Fichajes“. Манчестер Сити е подготвен да понуди 120 милиони евра за младиот Французин со што ваквиот трансфер би бил најголем трансфер во историјата на клубот, надминувајќи го трансферот на Џек Грилиш (117 милиони евра во 2021 година). Други имиња кои се споменуваат се Мартин Зубименди (Реал Сосиедад), Едерсон (Аталанта) и Тијани Рејндерс (Милан). Тој има само 18 години, а веќе три сезони е првотимец со тоа што последните две е исклучително важен играч. Тој веќе има 88 настапи со 7 гола и 8 асистенции, а за француската репрезентација веќе одигра 6 меча и постигна еден гол.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.