October 8, 2024 | | Свет
Манчестер Сити планира во јануари да тргне по засилување од средниот ред кое ќе биде замена за Родри за кого сезоната е завршена поради тешката повреда на коленото. Според информациите на шпански „Relevo“, Сити е заинтересиран за играчот на Реал Сосиседад Мартин Зубименди кој летово одби да премине во Ливерпул кој сакаше да ја плати неговата откупна клаузула која изнесува 60 милиони евра. Подоцна медиуми во Шпанија пренесоа дека Зубименди се кае што го одбил Ливерпул. Сега и Сити изразува желба да го донесе Зубименди и е спремен да ја плати неговата клаузула. Токму во финалето на Европското првенство Зубименди покажа дека може да биде достојна замена за Родри кога тогаш го замени на полувремето поради повредата на играчот на Сити. Зубименди одигра одлично второ полувреме каде буквално не се почуствува дека Родри недостасува.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |