Скалони е суспендиран на еден меч, а причината е бизарна!

June 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Скалони е суспендиран на еден меч, а причината е бизарна!

Аргентинците веќе обезбедија пласман во четвртфиналето од Копа Америка каде во првото коло ја победија Канада со 2-0, а потоа и Чиле со минимални 1-0. Воедно, на селекторот Лионел Скалони му беше доделена суспензија од еден натпревар, а сега е откриена и причината. Тој заработил суспензија бидејќи Аргентинците задоцниле со излегувањето од соблекувалната на полувремето на двата досегашни меча и тоа против Канада и Чиле. Нивниот противник Канада и формално се пожалил на овој пропуст, а според правилата вината за ваков прекршок ја сноси селекторот. Истата грешка е повторена на два натпревари, па тоа автоматски значи суспензија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.