Скамака доживеа ужасна повреда при прием на топката! (ВИДЕО)

August 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Скамака доживеа ужасна повреда при прием на топката! (ВИДЕО)

Тимот на Аталанта денес доживеа сериозен удар каде тешка повреда доживеа напаѓачот Џанлука Скамака. Во пријателскиот натпревар на Аталанта против Парма, Скамака доживеа ужасна повреда на коленото по лошо приземјување со левата нога, а сето тоа се случи при еден прием на топката во противничкиот шеснаесетник. Неговото колено неприродно се изврте и по неговата реакција можеше да се види дека станува збор за тешка повреда. Се стравува дека е можно и кинење на предниот вкрстен лигамент, нешто што би било сериозен удар за Аталанта, како и за италијанската репрезентација.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.