Скандал: Бенфика обвинета за местење на натпревари

October 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Скандал: Бенфика обвинета за местење на натпревари

Обвинителството на Португалија реши да покрене обвинение против Бенфика поради наводно местење на натпревари, но и корупциски дела од 2016 до 2019 година. „Ќе се браниме од овие неосновани обвинувања. Бенфика и нејзините адвокати темелно ќе ги анализираат обвинувањата за кои беа информирани денеска“, се вели во соопштението на клубот. Според клубот, сомнежите се однесуваат на „делата што му се припишуваат на нејзиниот поранешен претседател и поранешен советник“. Главно осомничен е Луис Филипе Виеира, кој раководеше со клубот 18 години, до неговото апсење во јули 2021 година. Наводно, обвинителството утврдило дека Бенфика и платила на Виторија де Сетубал да и дозволи да победи на два натпревари од португалската лига.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.