Скандал: Енцо и колегите расистички ги вреѓаа Французите, следува и пријава! (ВИДЕО)

July 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Скандал: Енцо и колегите расистички ги вреѓаа Французите, следува и пријава! (ВИДЕО)

При прославата во автобусот поради освојувањето на Копа Америка, Енцо Фернандез заедно со другите колеги од селекцијата на Аргентина расистички ги навредуваа Французите. „Играат за Франција, но се од Ангола. Мајка му е Нигеријка, татко му Камерунец, но според пасош, тој е Французин“, гласеше текстот на песната која ја пееја Аргентинците, а веднаш имаше реакции од Французите. Потоа Енцо Фернандес се извини и рече дека песната настанала во еуфоријата по големиот успех на Аргентина. „Искрено се извинувам поради видеото на мојот инстаграм-профил, кое настана во текот на прославата. Песната вклучува навредливи зборови и нема зборови со кои можам да се извинам. Секогаш сум против дискриминација, се извинувам, бев во еуфорија на прославата. Тоа видео, тој момент, тие зборови не се одраз на моите верувања и мојот карактер. Навистина ми е жал“, напиша Енцо. Реагираше и неговиот соиграч од Челзи, Весли Фофана кој воедно е Французин, а наводно сите француски фудбалери во Челзи го избришале Енцо од социјалните мрежи. Според „Daily Mail“, неговиот тим Челзи ќе спроведе истрага и е спремен да преземе соодветни мерки.

 

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.