Скандал ја тресе Серија А: Голман под сомнение дека направил сомнителен жолт картон

January 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Скандал ја тресе Серија А: Голман под сомнение дека направил сомнителен жолт картон

Голманот на Удинезе, Мадуке Окоје, би можел да се најде во центарот на нов скандал со обложување во италијанската Серија А. Извештаите укажуваат на сомнителни околности поврзани со натпреварот меѓу Лацио и Удинезе, одигран во март 2024 година. Според информациите, забележани се невообичаено високи уплати за облог поврзан со жолт картон за голманот на Удинезе. Овој облог се покажал точен, бидејќи Окоје навистина заработил жолт картон за време на натпреварот. Доколку истрагата потврди дека картонот бил добиен намерно, Окоје би можел да се соочи со сериозни последици, вклучително и суспензија до четири години.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.