June 11, 2025 | | Свет
Шпанскиот весник El Periódico објави бомбастична информација според која поранешниот хрватски репрезентативец Иван Ракитиќ, заедно со уште шест поранешни фудбалери на Севиља, се наоѓа под истрага во рамки на случај за милионска измама поврзана со криптовалути и NFT токени. Во центарот на истрагата е проектот „Shirtum“, чија проценета вредност достигнала најмалку три милиони евра. Иако фудбалерите (меѓу кои се и Алехандро Гомез, Лукас Окампос, Алберто Морено, Хавиер Савиола и Нико Парехо) засега не се формално обвинети, тие се наведени како соучесници во приватна тужба поднесена од 12 оштетени граѓани. Судот во Барселона го води случајот, а главни осомничени се тројца каталонски претприемачи – Мануел Анхел Торас, неговиот син Марк Алберт Торас и Мануел Морилјас – како и аргентинскиот бизнисмен Давид Розенкваг. Против нив се води постапка за вкупно 11 кривични дела, меѓу кои проневера, измама и затајување данок. Фудбалерите, според тужбата, имале „активна улога во промоцијата и продажбата на токените“, користејќи го својот углед за да привлечат доверба кај инвеститорите. Посебно се посочува улогата на Гомез, кој наводно бил во директен контакт со главните организатори на проектот. Апликацијата која тие ја развивале никогаш не профункционирала, а криптовалутите и NFT токените поврзани со неа немале никаква реална вредност на пазарот.
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |