March 17, 2025 | | Свет
Вистинска фудбалска комедија се случи во бугарското првенство за време на дуелот меѓу Арда и Левски. Пред почетокот на натпреварот, играчите на двата тима се собраа на центарот и со минута молчење му оддадоа „последна почит“ на Петко Ганчев. Сепак, ситуацијата стана апсурдна кога подоцна беше откриено дека Ганчев е всушност - жив. Раководството на Арда, каде што Ганчев настапувал во минатото, добило неточна информација за неговата „смрт“. Наместо да ја проверат веста, веднаш организирале оддавање почит. Кога вистината излезе на виделина, Ганчев и неговите пријатели се јавија со демант, а клубот беше принуден јавно да се извини. „Драги новинари, драги навивачи на Арда, менаџментот на клубот сака да изрази големо извинување на нашиот поранешен фудбалер Петко Ганчев и на неговото семејство бидејќи до нас стигна неточна информација за наводна негова смрт. Му посакуваме на Петко уште многу години здравје и да ужива во успесите на Арда“, пишува во соопштението на клубот.
Unbelievable scenes in Bulgaria! Arda's match against Levski Sofia began with a minute of silence for ex-player Petko Ganchev… only to later find out he’s alive! The club has since issued an apology. A truly bizarre moment in football pic.twitter.com/R4nTlsYHxY
— tether.bet (@tether_bet) March 17, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |