Скандал во Реал Мадрид: Асенсио обвинет за делење секс-снимки од малолетничка

May 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Скандал во Реал Мадрид: Асенсио обвинет за делење секс-снимки од малолетничка

Голем скандал го тресе Реал Мадрид. Централниот дефанзивец Раул Асенсио, официјално е обвинет за незаконско делење снимки со сексуална содржина, заедно со уште тројца негови пријатели, сите поранешни членови на младинските категории на клубот. Иако медиумите во Мадрид со месеци се обидуваа да ја минимизираат сериозноста на случајот, обвинителството го означи Асенсио најпрво како осомничен, а сега и формално поднесе обвинение против него. Судскиот процес е веќе во подготовка. Обвинението ги товари младите фудбалери за нелегално снимање на сексуален чин и понатамошно делење на тие снимки меѓу себе. Дополнително, ситуацијата е уште поалармантна поради фактот што една од жртвите била малолетна, што го отвора прашањето и за педофилија, бидејќи сите обвинети биле полнолетни во моментот на извршување на делото. Според дел од шпанските медиуми, групата на осомничени дури користела и deepfake софтвери за монтирање на лицата на жртвите на други порнографски снимки. Скандалот се проширил и до првиот тим на Реал Мадрид, бидејќи некои од снимките наводно биле делени и со првотимци на клубот. Реал Мадрид сè уште официјално не се огласил во врска со случајот, но ова може да има сериозни последици и по имиџот на клубот и по иднината на вклучените фудбалери.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.