August 22, 2025 | | Свет
Ждрепката за Купот на Романија, одржана пред три дена, предизвика вистинска бура на социјалните мрежи откако на површина излезе снимка која дел од навивачите ја толкуваат како доказ за нерегуларност. На видеото што кружи се гледа како човекот задолжен за извлекување на топчињата во еден момент речиси воопшто не го поместува едното топче, а потоа токму тоа го вади од садот и го објавува како официјален пар. Овој потег веднаш предизвика лавина од реакции – дел од фановите јавно тврдат дека ждрепката е „наместена“, а движењето на раката никако не било случајно. На социјалните мрежи се појавија бројни коментари со иронија и сомнежи, а некои дури бараат и истрага од романската федерација. Од официјална страна засега нема реакција, но јасно е дека оваа ждрепка ќе остави дамка врз регуларноста на натпреварувањето и дополнително ќе ја разниша довербата на навивачите.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |