March 16, 2025 | | Свет
Хајдук Сплит вчера претрпе тежок пораз од лидерот Ријека со 3-0, а по натпреварот Џенаро Гатузо кој го води Хајдук беше во центарот на вниманието. При доаѓањето за изјави во емисијата „Supersport HNL“, Џенаро Гатузо го нападна стручниот коментатор на MAXSport, Јошко Јеличиќ. „Не сакам да ти подадам рака бидејќи премногу зборуваш. Си играл фудбал и ја разбираш ситуацијата многу добро. Секогаш зборуваш лошо за играчите, немам почит кон тебе“, започна Гатузо на англиски. Јеличиќ му одговори на италијански, по што расправијата продолжи на тој јазик. Гатузо му се внесе во лице на Јеличиќ, а ситуацијата се смири дури по некое време. Водителката Валентина Милетиќ, по околу една минута жестока расправија, интервенираше за да спречи натамошна ескалација. „Играте многу лошо“, му довикна Јеличиќ. „Тоа е мојот стил“, одговори Гатузо. „Мораш да имаш почит кон мене“, рече Јеличиќ. „Не, не! Зборувај овде за фудбалот! Зборувај лице в лице“, избувна Гатузо и му се внесе на Јеличиќ. „Ајде да зборуваме“, возврати Јеличиќ. Но, Гатузо не се смири тука. „Ова е последен пат да давам изјава додека ти си на телевизија! Ти си лош човек, повеќе нема да зборувам додека си тука. Зборуваш како да си го освоил целиот свет“, викаше Гатузо. „Јас не зборувам против Хајдук, јас сум поголем хаијдуковец од него. Го почитувам како тренер на Хајдук, но и тој мора да ги почитува нашите гледачи“, заклучи Јеличиќ. Видеото погледнете го ТУКА.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |