September 20, 2025 | | Свет
Михајло Мудрик, за кого Челси пред две години плати речиси 100 милиони евра, официјално реши да стави крај на фудбалската кариера и да се пренасочи кон атлетиката. Откако доби допинг-суспензија до 2029 година, Мудрик ја смени насоката – копачките ги замени со спринтерки, со цел да настапи на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028. Мудрик уште во своите први натпревари за Челси забележа максимална брзина од 36,67 км/ч, што тогаш беше рекорд во Премиер лигата. Токму таа експлозивност сега сака да ја претвори во резултати на атлетската патека и да се бори за олимписки медали. Мудрик деновиве тренира со националната атлетска репрезентација на Украина под менторство на поранешни олимпијци. За да стигне до Лос Анџелес, ќе мора да ги исполни строгите норми на Светската атлетска федерација и да ги мине националните квалификации во 2027 година.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |