Сколс: Доведувањето на Аморим е ризик

October 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сколс: Доведувањето на Аморим е ризик

Се очекува наскоро и официјално да биде потврдено дека Рубен Аморим ќе стане нов тренер на Манчестер Јунајтед откако клубот реши да се раздели со Тен Хаг. Ван Нистерлој е привремен тренер и се очекува тој да го води клубот само на натпреварот против Лестер во Карабао Купот, а веќе во недела Аморим да дебитира на клупата на Јунајтед во дуелот со Челси. Уште неседнат на клупата, за одредени луѓе португалскиот тренер не е добра опција, особено за Пол Сколс. „Аморим е интересен тренер, но неговото доведување би било ризик. Сите го знаеме неговиот стил на игра, неговиот тим игра извонреден фудбал. Тој беше поврзуван со Сити, што доволно говори за квалитетите на Аморим. Повеќето тренери од тој тип работеле во клубови каде очекувањата не се големи. Да го погледнеме Томас Френк на пример. Можеби е многу фит за Јунајтед, но очекувањата се сосема поинакви отколку во Брентфорд. Затоа, мислам дека замената за Тен Хаг треба да има искуство да води голем клуб“, изјави Сколс. Со Спортинг Лисабон, Аморим беше шампион на Португалија во 2021 и 2024 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.