Сколс е убеден: Осум фудбалери мора да „летаат“ од Јунајтед!

January 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Сколс е убеден: Осум фудбалери мора да „летаат“ од Јунајтед!

Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, повторно ги привлече вниманието на јавноста со својот остар и директен коментар за состојбата во клубот. Во разговор за TNT Sports, Сколс го анализираше актуелното издание на тимот и испрати сериозна критика кон неколку фудбалери, за кои смета дека не заслужуваат да го носат дресот на гигантот од „Олд Трафорд“. Имено, тој отворено ги наведе имињата на Рашфорд, Мартинез, Де Лихт, Лук Шо, Маунт, Касемиро, Антони и Зиркзе како играчи кои, според него, не се соодветни за овој клуб. Сколс, познат по својата искреност, ја упати и својата порака до тренерот Рубен Аморим, кој, откако пристигна од Спортинг, не успева да донесе посакувани резултати. Доколку клубот ги следи неговите препораки, тоа би значело драстични промени во составот на тимот, што би можело да го редефинира идниот правец на Манчестер Јунајтед.

„Јунајтед мора да се врати на победнички патеки, а тоа започнува со вистинските луѓе во тимот“, додаде Сколс во интервјуто.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.