February 11, 2025 | | Свет
Пол Сколс повторно ја истакна својата загриженост за моменталната состојба во Манчестер Јунајтед, нагласувајќи дека се неопходни значајни промени во тимот. Според него, клубот мора да изгради цврст костур кој ќе служи како основа за иднината. Во анализата за „Оверлап“, легендарниот играч за врска посочи дека Јунајтед има сериозни слабости во тимот и предложи промени на пет клучни позиции. Според Сколс, потребни се нов голман, двајца централни дефанзивци, еден играч за врска и напаѓач. „Неколку работи се загрижувачки околу овој тим, но јасно е дека Рубен Аморим треба да направи многу работи, особено на трансфер пазарот. Не може да се очекува успех со оваа дефанзивна линија“, потенцираше Сколс. Тој исто така изрази сомнеж во квалитетот на некои од актуелните играчи, вклучувајќи ги Јоро и Де Лихт, за кои смета дека не се на нивото потребно за освојување на Премиер лигата. „Јоро е млад и има потенцијал, но не ми се допадна тоа што го видов досега. Де Лихт, пак, не ги исполнува амбициите на клубот. Со таков стоперски тандем, Јунајтед нема да ја освои Премиер лигата. „Доволно добро“ не е доволно за Јунајтед, исто како што сметам дека ниту Лисандро, дури и во својата најдобра форма, не е играч што ќе ни ја донесе титулата“, додаде тој. Освен тоа, Сколс истакна дека раководството на клубот нема да има бесконечно трпение за слабите резултати. Тој предупреди дека, доколку не се преземат вистинските чекори, ситуацијата може да се повтори како со неговите претходници. Аморим, според Сколс, мора итно да почне со коренити промени во тимот ако сака да избегне слична судбина. Следната сезона ќе биде од клучно значење за неговата иднина во клубот, па затоа е неопходно да направи паметни потези на трансфер пазарот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |