August 13, 2024 | | Свет
Пол Сколс смета дека Манчестер Сити и сезонава мора да се смета за фаворит за титулата после историскиот потфат од четири освоени титули во низа, но сепак верува дека претстојнава сезона ќе видиме крај на таа серија. Тој верува дека Арсенал сезонава конечно ќе го даде потребниот чекор напред и конечно ќе ја освои Премиер лигата. Во претходните две сезони, Арсенал беше многу близу до титулата, но легендата на Јунајтед се надева дека тоа ќе се промени. „Мислам дека фаворитите се ониее истите од лани. Манчестер Сити е главен фаворит, тесно следен од Арсенал. Сепак, јас очекувам Арсенал да биде тимот кој ќе слави оваа сезона. Правилно се развиваа и прогресираа изминативе години под водство на Микел Артета. Се надевам дека оваа година ќе биде сезоната во која ќе бидат подготвени за да одат докрај. Нема да биде лесно, има и други силни тимови, но верувам дека Арсенал ќе биде тимот кој ќе скрши циклусот на Манчестер Сити“, вели Сколс.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |