Сколс за сигурниот стартер на Јунајтед: Преплашен сум до смрт поради него!

August 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сколс за сигурниот стартер на Јунајтед: Преплашен сум до смрт поради него!

Легендата на Манчестер Јунајтед Пол Сколс смета дека не се доволни двете засилувања на Јунајтед (Јоро и Зиркзе), како и враќањето на Санчо. Тој смета дека тоа не е доволно и посочи дека тимот мора да се подобри на уште неколку позиции. Освен што смета дека треба нов стопер, тој воедно мисли дека на Јунајтед му треба и нов голман. „Слушам и гледам дека многу навивачи на Манчестер Јунајтед се возбудени за новата сезона. Јас не гледам така, јас влегувам со страдање. Се уште мислам дека има делови од теренот кои се проблематични. Новиот стопер веќе се повреди, Лисандро беше повреден цела мината сезона, на крајот се повреди и Мегваер. Веќе во тимот го нема Варан, а Линделоф исто така често се повредува. Се уште имам многу грижи и со голманот кој го имаме. Голманот ми носи големи грижи, дури и со некои голови кои ги прими во пред сезоната. Преплашен сум до смрт со него“, рече Сколс за голманот Андре Онана.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.