August 15, 2024 | | Свет
Манчестер Јунајтед пред два дена ги потврди двете нови засилувања од Баерн Минхен, Де Лихт и Мазрауи, а двата трансфери вкупно ќе чинат 70 милиони евра заедно со лесно остварливите бонуси кои ги има и во двете зделки. Токму трансфер-политиката на Јунајтед ја коментираше нивната легенда Пол Сколс кој рече дека е загрижен дека особено доаѓањето на Матијс де Лихт нема да ги реши проблемите на тимот во одбраната. „Зборуваме за играчи кои не можеа да влезат во првиот тим на Баерн. Де Лихт не играше премногу, тоа е голема грижа, особено кога пред него игра Ерик Даер. Според мене тоа е голема причина за грижи. Претходно Јувентус се ослободи од него, тој не беше доволно добар за да остане таму, а очигледно не беше доволно добар ниту за Баерн“, рече Сколс. Тој смета дека клубот се држи за политиката на ангажирање на играчи кои претходно тренирале под водство на Тен Хаг. Мазрауи и Де Лихт настапуваа за Ајакс кога Тен Хаг беше тренер таму, а истото важи и за Лисандро Мартинез, Антони и голманот Андре Онана кои сега се дел од Јунајтед.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |