March 19, 2025 | | Свет
Илија Несторовски блеска оваа сезона во дресот на Славен Белупо, каде што се наметна како еден од клучните фудбалери на хрватскиот клуб.
Неговото значење за тимот беше нагласено и преку објавите на социјалните мрежи, каде што се истакнува неговиот придонес во текот на сезоната.
„Илија Несторовски во Велика Горица го даде петтиот гол и впиша втора асистенција во првенството, а ако на тоа го додадеме и голот од купот, тогаш е на бројката од шест голови во 17 натпревари за Славен Белупо.
Беше играч на натпреварот, најдобро оценет (8,7) напаѓач на минатото коло во Хрватската лига, заврши во тимот на колото, а покрај голот и асистенцијата имаше и 76 отсто точни додавања, 52 допири со топката, беше во 21 дуел, претрпе два прекршоци, пресече две топки, елииминираше две опасности. А има само 35 години!
Браво Илија, мајсторе! Остани ни таков и во последните 10 кола, односно завршницата на купот“, се наведува во објавата на клупските социјални мрежи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |