February 6, 2025 | | Свет
По повеќе од единаесет години, Нејмар повторно го облече дресот на Сантос и го забележа својот втор деби-настап за клубот каде што ја започна кариерата. На денот на неговиот роденден, бразилската ѕвезда влезе во игра на почетокот на второто полувреме, во 46. минута, на натпреварот против Ботафого. Сантос имаше предност од 1:0 уште во 38. минута благодарение на гол од пенал, но гостите успеаја да израмнат во 67. минута со погодокот на Александре Жесус. Дуелот заврши нерешено (1:1). Во моментот, Сантос е осмопласиран на табелата во Паулиста со осум бодови, додека Ботафого се наоѓа на последната позиција со четири. Пред да се врати во родниот клуб, Нејмар одигра 225 натпревари за Сантос и постигна 136 голови.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |