Следува голем ремонт во редовите на Ливерпул

March 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Следува голем ремонт во редовите на Ливерпул

Ливерпул реши да најде нов напаѓач, а Дарвин Нуњез е на продажба. Се смета дека Слот има 100 милиони фунти за ново засилување, при што во игра се Виктор Осимен и Душан Влаховиќ. Во меѓувреме, се шпекулира дека Диего Жота би можел да се врати во Вулверхемптон бидејќи нема место на „Енфилд“. Паралелно, клубот има намера да го доведе Чави Симонс од Лајпциг, чија цена се проценува на околу 70 милиони евра. Според медиумите на Островот, менаџерот Арне Слот веќе направил конкретен план со спортскиот оддел за промена на играчкиот кадар. Холандскиот стручњак презел значаен чекор за да ги убеди Вирџил Ван Дајк и Мохамед Салах да ги преиспитаат своите понуди за продолжување на соработката. Дури има и оптимисти на „Енфилд“ кои веруваат дека двајцата искусни асови ќе ја продолжат верноста кон клубот. Што се однесува до Трент-Александер Арнолд, за неговата иднина има најмалку информации и се чини дека сепак ќе премине во Реал Мадрид како слободен агент.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.