Следува голема промена: Заврши времето кога голманите можеа да крадат време

June 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Следува голема промена: Заврши времето кога голманите можеа да крадат време

Познатиот фудбалски судија Пјерлуиџи Колина потврди воведување на ново правило кое ќе стапи на сила од наредната сезона и ќе се применува во сите натпреварувања. Станува збор за нова мерка против намерното трошење на време, посебно кај голманите. Според новото правило, голманите ќе имаат максимум осум секунди за да ја вратат топката во игра. Доколку тоа не го направат во предвидениот рок, ќе биде досуден корнер за противничкиот тим. „Ова е најважна иновација, која е насочена кон намалување на загубеното време на натпреварите. Ќе се имплементира во сите натпреварувања од ова лето“, изјави Колина. Правилото има за цел да ја зголеми динамиката на играта и да спречи ситуации во кои екипите намерно добиваат на време преку одолговлекување од страна на голманите. Очекувањата се дека оваа промена ќе донесе поефикасен и поинтересен фудбал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.