April 27, 2025 | | Свет
Многу лесно може да се случи Антонио Рудигер да ја заврши сезоната порано од предвиденото, откако синоќа дивееше на теренот по драматичниот пораз на Реал Мадрид од Барселона во финалето на Копа дел Реј. Иако беше заменет на десетина минути пред крајот на натпреварот, Германецот тотално ја загуби контролата по една судиска одлука во самиот финиш. Да не беа соиграчите и стручниот штаб, Рудигер можеше директно физички да нападне еден од судиите. Вака, иако беше спречен, му се заканува жестока санкција, бидејќи главниот судија Рикардо де Бургос Бенгоечеа го пријави во официјалниот записник. „Во 120. минута, фудбалерот Антонио Рудигер доби црвен картон поради фрлање предмети. По покажаниот црвен картон, тој мораше да биде запрен од членови на неговиот тим, покажувајќи агресивен став“, стои во записникот на судијата. За вакво однесување, дисциплинскиот правилник предвидува казна од 4 до 12 натпревари суспензија. Со оглед на тоа што до крајот на сезоната во Ла Лига остануваат уште само пет кола, многу веројатно е дека Рудигер веќе нема да го гледаме на терените оваа сезона. Покрај Рудигер, кој ги маваше судиите со мраз од облогата на своите нозе, црвени картони добија и Лукас Васкез и Џуд Белингам, додека Винисиус Жуниор е под истрага за неговото однесување. Инаку, уште во текот на мечот Рудигер имаше неколку дивјачки стартови, кои останаа неказнети од, како што се коментира, „исплашениот“ судија Бенгоечеа.
This is sick and disgusting. A team full of entitled babies. And Rudiger is an animal. Should get a lengthy ban from football, imo.pic.twitter.com/3WfEdCYcMO https://t.co/QMcJ2ERyLd
— 🇳🇴 kimmoFC (@kimmoFC) April 26, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |