Следува тешка задача за Аморим: Ќе има многу помал буџет од Тен Хаг!

November 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Следува тешка задача за Аморим: Ќе има многу помал буџет од Тен Хаг!

Рубен Аморим денеска го одработи првиот тренинг како тренер на Манчестер Јунајтед. Владее голем оптимизам во клубот дека токму португалскиот тренер ќе го врати клубот на старите патеки. Постојат големи шанси Јунајтед да ангажира фудбалери во јануари, но кога станува збор генерално за засилувањата, „The Telegraph“ тврди дека Аморим ќе има далку помал буџет од оној што го имаше Тен Хаг претходно, а ваквата информација ја сподели и Фабрицио Романо. „Тој ќе има задача да го максимизира неискористениот потенцијал во тимот бидејќи клубот има за цел да стави крај на штетниот и скап циклус на масовни ремонти“, пишува Telegraph.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.