Слот го „боцна“ Јунајтед: Сè уште не сме играле против топ тим

October 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Слот го „боцна“ Јунајтед: Сè уште не сме играле против топ тим

Арне Слот засега има добра кариера во Ливерпул каде резулатите и во Премиер лигата и во Лигата на шампионите се добри. „Црвените“ се на првото место на табелата откако го совладаа Вулверхемптон и Сити одигра нерешено против Њукасл. Пред натпреварот против Болоња, Слот беше запрашан за резултатите и противниците на неговиот тим па го „закачи“ и лутиот ривал Манчестер Јунајтед. „Секој натпревар е тежок, но ми кажуваат дека е далеку потешко да се победи тим од горниот дел на табелата отколку тим од долниот дел на табелата, што е прилично нормално. Ние сè уште не сме играле против топ тим“, рече Слот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.