October 4, 2024 | | Свет
Ливерпул засега има добра сезона па слободно може да се каже дека Арне Слот добро се снајде во улогата на тренер. Ливерпул има две победи во Лигата на шампиони, една во Лига купот, а први се и на табелата во Премиер лигата. Тој откри дека после Клоп, променил само едно правило за кое тој не знае дали е правило, но го смета за важно. „Единствено нешто што променив, и не знам дали е правило, вообичаeно се одеше во хотел на ден пред натпревар, и токму тоа го променив. Јас и мојот персонал сметаме дека најдобро место за спиење е вашиот сопствен кревет, така најдобро ќе се одморите. „Ова не е некое правило, но го променивме. Па сега пред домашен натпревар, фудбалерите одат да спијат во сопствените домови, во сопствените кревети, наместо да спијат во хотел“, рече Слот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |